Иако повеќето психолози не се сложуваат во врска со популарните интерпретации на соништата, луѓето сe уште имаат навика да се консултираат со таканаречени експерти за толкување на сонови. Толкувањата се направени од страна на четири познати експерти. Тоа се Лаури Лоенберг која напиша три книги на оваа тематика и беше гостин во шоуто на Др. Оз и Адерсон Купер 360. Потоа Јан Валаси кој е психолог за соништа и го има напишано А до Ш речникот за сонови. Расел Гранд кој го издаде илустрираниот Соновник, и истиот ги поврзува симболите на соништата со животот на јаве. И на крајот со Лаурен Лоренс која имаше сопствена колумна во Нујорк Дејли Њуз, со анализи на соништа и беше домаќин на шоуто Декодирани кошмари на познатите.

Сон кој симулира доцнење - Овој сон би можел да означува дека некој е преморен и дека работи премногу. Исто така ваквиот сон претставува предупредување од типот: „Не ветувај го она што не можеш да го исполниш“.

Летање - Ваквиот сон ја охрабрува личноста, да им допушти на моменталните проблеми да се решат самите по природен пат. Летањето е знак дека во реалниот живот сме во ситуација која самата по себе е надвор од нашата контрола.

Бременост - Овој сон се смета за знак дека сонувачот има проблем. Или пак огромна желба да се биде родител.

Неконтролирано возење - Можеби е чувство кое ви кажува дека немате доволно контрола над сопствениот пат кон успехот и дека моменталната лоша навика, може да прерасне во долгорочен проблем.

Паѓање - Овој сон се нарекува „црвено знаменце од вашата потсвест“. Се верува дека овој сон е заеднички за луѓето кои имаат базични животни проблеми со работата, врските, или нешто друго.

Паѓање на заб - Во сонот забите се перцепираат како симбол на моќ и доверба. Овој сон би требало да биде знак дека нешто му се случува во животот на оној што го сонува, што всушност предизвикало тој да ја изгуби довербата во некој или нешто. Тие исто така, за жените може да претставуваат дека ваквиот сон означува остварување на некоја желба, особено кога сакаат да забременат. Додека за мажите, претставува желба за сексуална стимулација.

Kaко од мајка родени на работа или на училиште - Експертите на големо се согласуваат дека овој сон означува ранливост или анксиозност. Исто така овие соништа им се заеднички на луѓе кои добиле унапредување, почнале со нова работа, или имаат ангажмани поврзани со јавни настапи.

Полагање на тест - Само перфекционистите имаат тенденција да ги повторуваат соновите со полагање на стресни тестови. Сонот ја потсетува личноста да остане приземјена. Исто така се верува дека кај возрасните, овие соништа повлекуваат паралела помеѓу училишниот стрес и оној на работа. Баш затоа што и двете места се исполнети со ситуации кои предизвикуваат голем притисок и стрес.

Умирање - Овој сон ја разоткрива желбата кога сакаме да завршиме нешто во животот: врска, работа, кариера, па дури и ако сакаме да раскрстиме со минатото. Исто така, овој сон воопшто не претставува ноќна мора. Всушност тој би требало да означува нов почеток и да ја поттикне личноста да се зафати за нов потфат во животот.

Средба со позната личност - Се верува дека таа позната личност, е релевантна за разоткривање на вредностите и талентите на личноста која ги сонува. Или пак овој сон е знак за лично докажување и потребата од признание.