Во општеството, разговор со психолог повеќе не е табу тема.

Живееме во време кога стресот доаѓа како нешто нормално, тагата, меланхолијата и негативната енергија е постојано присутна околу нас. Но, колку можеме да истрпиме? И дали има граница која по некое време се преминува? Кога ситуацијата станува неиздржлива? И дали понекогаш треба да признаеме дека ни е потребна помош?

Нема ништо страшно од консултација со психолог, напротив тоа може многу да помогне при заштитата на менталното здравје, а сепак, експертите велат дека на оние кои највеќе им е потребна помош заради психички проблеми, најретко или воопшто не бараат помош.

Доколку човек одложува да си помогне и да го реши проблемот, само ги прави работите полоши. Што порано некој побара помош, толку поедноставно ќе биде да му се реши проблемот. Покрај тоа,  проблемот ќе остави помалку траги од стресот наметнат од проблемот.

Психолозите сметаат дека луѓето не се осмелуваат да побараат помош највеќе заради стигматизацијата и митовите кои се вклучени во процесот на барање помош од психолог. Многумина веруваат дека само „луди“ луѓе контактираат со психолог и сметаат дека барањето и прифаќање помош од стручно лице е знак на слабост или пак веруваат дека терапијата ќе им одземе многу време, дека ќе биде прескапа или дека ќе се навлечат на антидепресиви.

Животот денес е тежок. На ефектите од психотерапијата може да се гледа како ослободување од стресот, нешто како вежбањето или правилната исхрана. Гледајте го тоа како стратегија која ќе ви го олесни животот и која ќе го намали стресот.

Ова се некои ситуации и знаци дека на човек можеби му е време да побара помош од психолог:

Чувствата се преинтензивни

Сите понекогаш сме тажни или лути, но колку е тоа интензивно и колку често се случува тоа? Ако постојано се повторуваат силни и интензивни чувства и тоа значително влијае на функционирањето на човекот, тоа е знак дека можеби е време да побара помош.

Тоа може да делува парализирачки, да доведе до појавување на панични напади, па уште пред да сфати човек, ќе започне да ги поттиснува работите. Ако животот на човекот станува се повеќе ограничувачки, само затоа што избегнува и поттиснува работи, веројатно тоа е знак дека треба да се побара помош.

Ако човек преживее траума и не може да престане да размислува за неа

Болката од смртен случај во семејството, прекинување на долгогодишна врска или губење на работите може да биде и повеќе од доволна за да се побара помош.

Обично мислиме дека тие чувства ќе исчезнат сами од себе, но тоа не е секогаш така. Тагата заради губитокот може да влијае на секојдневното функционирање на човекот и да предизвика повлекување од пријателите и повлекување во себе. Ако човек самиот се фати како веќе не ги прави работите во кои претходно уживал и тоа го забележуваат  и луѓето околу него, тогаш треба да размисли дали навистина ова е правиот момент да позборува со стручно лице.

Појава на необјасниви главоболки кои постојано се повторуваат, болки во желудникот и ослабен имунитет

Кога сме психички вознемирени, тоа влијае и на нашето тело. Истражувањата покажале дека стресот може да се манифестира на најразлични начини, од хронични тегови до главоболки, чести настинки, па дури и недостаток на либидо.

Конзумирање лекови за справување со ситуацијата

Доколку човек почне да конзумира лекови како дијазепам или користи други методи како дроги, алкохол, прекумерено јадење, тоа е сигнал дека се надева дека овие работи ќе му помогнат да ги поттисне чувствата со кои во суштина треба да се соочи.

Се поголема непродуктивност на работното место и се повеќе грешки

Промените на работното место се се почести помеѓу луѓето кои се мачат со емотивни и психолошки проблеми. Можеби човек се чувствува исклучено од работата, дури и ако претходно работата го правела среќен. Освен промена во концентрација и внимание, можеби е подложен и на негативни критики од шефот или колегата, што може да укажува на поголеми проблеми.

Исклученост од активности во кои некогаш предизвикувале задоволство

Ако повеќе човек не се весели и работи на активностите кои го правеле среќен, како излегување со пријатели, читање книги, спортување или семејните ручеци, тоа е дефинитивен знак дека нешто не е во ред и дека треба да се реши. Многу често е огромен показател за депресија.

Личните односи стануваат се понапнати

Ако човек почнува да се затвора пред своите сакани и не им кажува како се чувствува или пак не може да идентификува што точно го мачи или пак не се радува на времето поминато со саканите, тогаш треба да размисли да оди на разговор со психолог кој ќе му помогне да препознае во што е проблемот. Можеби тоа е знак за потешки проблеми.

Блиските луѓе искажуваат загриженост

Понекогаш другите луѓе појасно можат да забележат некој проблем кој човекот сам не може да го види, па вреди да се чуе и нивната перспектива. Ако некој одеднаш ве прашува дали сте добро и дали сте зборувале со некого за вашите проблеми, тоа е знак дека треба да ги послушате нивните совети.